Македонија

Прекинато судењето за „Пулс“: На адвокат му се слошило во судницата

Прекинато судењето за „Пулс“: На адвокат му се слошило во судницата
Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Рочиштето во судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани е прекинато откако на еден од адвокатите му се слошило во текот на судењето.

Адвокатот бил упатен на преглед во Брзата помош, по што судењето било прекинато. Паузата трае повеќе од 40 минути, а засега нема информација кога точно ќе продолжи рочиштето.

Прекинот предизвикал реакции кај родителите на жртвите, кои изразиле незадоволство поради дополнителното одолговлекување на судскиот процес.

Од судот засега нема официјална информација за тоа во кој момент ќе продолжи денешното рочиште.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни