Прекрасна пилешка крем супа, идеална за сите прилики

Прекрасна пилешка крем супа, идеална за сите прилики

ПОТРЕБНО:

– 1 мало парче пилешки гради
– 1 морков
– 1 магдонос
– Ловоров лист
– 1 мал кромид
– 5 лажици ориз
– зачин
– 2 литри вода
– 1 лажица брашно
– 1 лажица сенф
– 2 лажици мајонез
– 3 лажици кисела павлака

На шпорет се пропржува кромидот, се додава во тавче со малку масло и се динста со сечканиот зеленчук и оризот.

Додадете сечкано месо (цело исечено на коцки), истурете 2 литри вода и варете додека не омекне.

Посебно изматете го сенфот, мајонезот, павлаката, брашното со малку вода.

Зачинете ја супата и додадете ја смесата од павлаката. Гответе уште малку и послужете. Пријатно.

Погледнете го видеото за повеќе детали.