Македонија

Премиерот Мицкоски утре ќе ја пречека Урсула Фон дер Лајен

Премиерот Мицкоски утре ќе ја пречека Урсула Фон дер Лајен

Ве известуваме дека утре 24.10.2024 година (четврток) со почеток во 11:20 часот Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија на Европската Унија, велат од Владата во соопштение.

Во рамки на посетата во 11:30 часот предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен.

Воедно, во 11:50 часот ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.

Потоа, во 12:40 часот предвидена е заедничка прес- конференција на премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен во Медија центарот на Владата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни