Македонија

„Премногу престапи се направија“ – Филипче смета дека треба да се поддржи интерпелацијата на Гаши

„Премногу престапи се направија“ – Филипче смета дека треба да се поддржи интерпелацијата на Гаши

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска по прашање од ТВ21 за утрешната интерпелација на спикерот Африм Гаши, истакна дека како партија се уште немаат став.

„Ние денеска во текот на денешниот ден имаме закажано координација со пратениците од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Таа е закажана за 10:30 така да ќе заземеме став“, порача Филипче.

На прашање за тоа кој е неговиот став во однос на интерпелацијата, тој вели дека истата треба да се поддржи.

„Премногу престапи се направија, во јавноста ние бевме тие кои ја запознаа за тие работи“, додаде Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни