Пресек на температури до 17 часот: Три градови со температура од 37 степени беа најтоплите денеска

Скопје, Струмица и Гевгелија беа најтоплите градови денеска со температури од 37 степени. После нив следуаа Штип и Демир Капија со 36.

Попова Шапка беше најладно место со температура од 22 степени.

До крајот на денот времето сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.