Денеска максималните температури беа 22 Попова Шапка, 25 Лазарополе, 27 Маврови Анови, Крушево, 30 Охрид, Берово, 31 Претор, 32 Крива Паланка, 34 Тетово, Прилеп, Штип, Демир Капија, Виница, 35 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија, 36 Скопје-Петровец, Битола, Кавадарци, Велес, велат од УХМР.
Времето до крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена, а зголемена облачност има во источните делови која постепено се намалува. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. UV=8