Македонија

Пресек температури до 17 часот: Скопје и Велес беа најтопли градови денеска

Пресек температури до 17 часот: Скопје и Велес беа најтопли градови денеска

Скопје и Велес беа најтоплите градови денеска со измерени 36 степени, а после нив следуваат Демир Капија и Гевгелија со 35 степени.

Со 20 степени, Попова Шапка беше најладното место денеска.

Најмногу дожд наврна во Маврови Анови, осум литри во метар квадратен, четири во Лазарополеи, и по еден во Попова Шапка и во Крива Паланка.

До крајот на денот, според УХМР ќе биде облачно со пороен дожд и услови за грмежи, а во текот на ноќта нестабилноста ќе се намалува.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни