Командирот Срѓан Димитријевски и тројцата полицајци од „Идризово“ кои учествуваа во филмското бегство на Беким Мемети, осуден на над 20 години затвор признаа дека помагале во организирање на истото и добија пресуди.
Командирот Димитријевски е осуден на три години затвор, затворскиот полицаец Трајче Ацковски доби три години, а И.А. кој исто така учествувал во планот за бегство – казна затвор од 1 година и шест месеци.
Последниот е вработениот во „Идризово“, Т.П. кој е условно осуден и казната нема да се реализира доколку во следните 3 години не стори ново кривично дело.
Обвинителството и одбраната можат да ја обжалат пресудата на Апелација.
Во јануари Беким Мемети откако се самоповредил се барало да го носат во болница. Но наместо да се повика брза помош, Командирот Срѓан Димитриjевски му наредил на заменикот да изготви документ да се спроведе со полициско комбе, и одредил кои точно полицајци да го спроведат, што за судот беше доволно да заклучи дека организираното бегство било помогнато од командирот и дел од полицајците..
Рутата по која ќе се движи возилото за спровод ја одредил еден од полицајците во комбето. Кога се доближиле до бензинската пумпа на автопатот, Беким Мемети, го одзел пиштолот на едниот од полицајците и испукал при што го ранил возачот полицаец. Излегол од комбето и се качил во „аудито“ кое го чекало пред полициското возило.
