Македонија

Пресудата со забрана за напуштање на Скопје и приближување до Росица стигнала ден откако Илија ја уби неа и татко ѝ

Пресудата со забрана за напуштање на Скопје и приближување до Росица стигнала ден откако Илија ја уби неа и татко ѝ

Илија С., кој на 15 септември во Велес ги уби својата поранешна девојка Росица К. и нејзиниот татко Киро К. пред да се самоубие, го извршил делото и покрај две активни судски мерки за забрана, покажува пресудата на Основниот суд Велес, која обвинителството и одбраната ја примиле ден по двојното убиство, објави Сакам да кажам.

Според информациите, тој ја прекршил мерката за забрана за напуштање на местото на живеење – Скопје, со доаѓањето во Велес, како и мерката за забрана за приближување и контакт со Росица.

Дополнително, биле изречени и три заштитни мерки – забрана за закани, вознемирување и приближување до жртвата на помалку од 100 метри, со важност од шест месеци.

Росица претходно имала поднесено седум пријави против Илија, вклучително и за запален автомобил и други случаи на насилство. Истрагата треба да утврди кога точно е убиен нејзиниот татко и дали сторителот телефонски ја повикал Росица во домот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни