Македонија

Претепаниот полицаец во тешка здравствена состојба, Спасовски: Немало пријава за киднапирање

Две лица, вчера беа претепани во скопско Шуто Оризари. Жителите велат дека помислиле дека се киднапери на деца, и затоа ги нападнале.

На крајот излезе дека се полицајци, кои не биле на задача, но случајно биле во Шуто Оризари. Жителите денеска беа револтирани и поради тоа не сакаа да зборуваат пред камера.

Еден од нив ни рече дека слушнале дека порано било киднапирано едно девојче. 

ТВ21 беше и во општина Шуто Оризари за да го прашаме градоначалникот за вчерашниот настан, но од општината ни рекоа дека градоначалникот не е на работа и дека не знаат кога ќе се врати.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека МВР досега не добило никаква пријава за киднапирање на деца во ова општина.

Во болницата „8 септември“ во Скопје, еден од двајцата полицајци и понатаму е во тешка здравствена состојба, по здобиените телесни повреди од група граѓани. За смирување на настанатата ситуацијата, вчера интервенираше и специјалната единица.

Репортер: Африм Јонузи

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни