Македонија

Претрес во гостиварски Сенокос, пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во гостиварски Сенокос, пронајдена дрога, приведен дилер

Денеска (19.01.2023) во 00.45 часот во гостиварски Сенокос полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Џ.(32) од истото село.

При претрес извршен со судска наредба во дом и други помошни простории каде што живее И.Џ. и при преглед кај него му биле пронајдени и одземени три ќеси со поединечни пакувања марихуана и дигитална вага.

Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе следи и соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни