Македонија

Претрес во општина Кочани – ОЈО со нов притвор за уште едно лице!

Претрес во општина Кочани – ОЈО со нов притвор за уште едно лице!

Обвинителскиот тим задолжен за дејствијата во рамките на предистрагата за несреќата во Кочани продолжува да презема дејствија. И во текот на денешниот ден, со цел координација на активностите во Кочани е и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски.

Врз основа на обезбедените докази се испитува улогата на 16 лица за кои обвинителството побара и обезбеди мерка 48-часовен притвор.

Претрес денеска беше извршен и во просториите на Општина Кочани.

Попладнево, до надлежниот суд, Основното јавно обвинителство Кочани ќе достави предлог за определување краткотраен притвор за уште едно лице.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни