Македонија

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени две лица

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени две лица

На 22.07.2024 во Скопје полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и преземени оперативно тактички мерки, лишија од слобода две лица Ц.Д. од Скопје и Т.А. од Битола, кои се затекнати при купопродажба на околу 500 грама марихуана.

По извршена консултација со јавен обвинител и обезбедена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом кај Ц.Д во Скопје, при што е пронајдена тегла со марихуана, празни тегли со остатоци од марихуана и дигитална вага.

Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни