Македонија

Претрес во Тетово, пронајден хероин

Претрес во Тетово, пронајден хероин

Полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, вчера (22.11.2023) извршиле претрес во домот и помошни простории на 47-годишниот тетовец А.Е., кој се барал за издржување на затворска казна.

При претресот, во просториите кои ги користел А.Е., а кој во моментот бил отсутен, пронајден е и од неговата 38-годишна сопруга одземен е хероин, како и предмети со остатоци од хероин.

По комплетно документирање на случајот против А.Е. ќе следува соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни