Македонија

Претрес во Тетово: Пронајдена и одземена марихуана, дигитална вага, дробилка и пари

Претрес во Тетово: Пронајдена и одземена марихуана, дигитална вага, дробилка и пари

На 22.06.2024, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово ја лишиле од слобода С.М.(50) од Тетово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка и пари.

С.М. била приведена во полициска станица, додека нејзиниот син Б.М.(21) го напуштил местото. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни