Македонија

Претреси во Битола, пронајдена дрога, приведени шест лица

Претреси во Битола, пронајдена дрога, приведени шест лица

На 10.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле претреси на повеќе локации во Битола и прегледи на повеќе лица, при што биле пронајдени хероин, марихуана и други предмети.

При претрес со судска наредба во домот на Л.Н.(39) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети. При претрес во домот и други простории кои ги користи О.П.(44) од Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат и се поврзани со кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При преглед на П.П.(40) од Битола бил пронајден и одземен хероин. Додека, при преглед кај О.Д.(37) од Битола, исто така, бил пронајден и одземен хероин, а со него биле затекнати и Г.С.(20) од Битола и Ф.О.(36) од Ресен.

Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни