Македонија

Претседателот Пендаровски ќе присуствува на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети

Претседателот Пендаровски ќе присуствува на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети

Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети што ќе се одржи в сабота, на 6 мај.

Од кабинетот на Пендаровски потврдуваат дека претседателот добил покана од Бакингемската палата, ја прифатил и ќе оди на настанот.

Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, присуствуваше и на Државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон на 19 септември минатата година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни