Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со германскиот канцелар Шолц

Претседателот Стево Пендровски, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, денеска во Њујорк оствари средба со Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.

На средбата беше разговарано за билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Германија, европската перспектива на земјава и актуелните случувања во регионот, при што претседателот Пендаровски информираше за текот на пристапните преговори на земјава со Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за досегашната принципиелна поддршка и посветеност од Германија како еден од нашите најблиски сојузници и изрази очекување за натамошна силна поддршка од германските власти во процесот на пристапните преговори, посочувајќи дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното