Стево Пендаровски се чини најприфатлив кандидат за Претседател за гласачите. Ова го покажува анкетата на СДСМ направена во јавноста, а за ТВ21 го потврдуваат партиски извори. Но, иако во јавноста најголема поддршка има Пендаровски, внатре во партијата состојбата е поинаква. Како што изјави нашиот извор, во СДСМ најголема поддршка има Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи. Информациите кои доаѓаат од СДСМ оставаат простор да се разбере дека дебатата околу кандидатот за претседател веќе е започната. Но од СДСМ ги отфрлаат овие информации.
“Вакви и слични информации се во сферата на шпекулациите. Во СДСМ започна постапката. Кандидатот што ќе биде победник на изборите ќе се бира на Конгрес на 3-ти март” – СДСМ.
Во меѓувреме, во ВМРО-ДПМНЕ продолжува конкурсот на кандидати за претседател на државата. На 16 февруари, опозицијата ќе одржи конгрес во Струга каде и официјално ќе се знае името на кандидатот со кого ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на претседателските избори. Во партијата до сега е поднесена една кандидатура, од Влатко Ѓорчев.
Слична анкета спроведе и ТВ21. Најмногу гласови од граѓаните доби Зијадин Села со 11%, а меѓу Македонците, Стев Пендаровски со 10%. Според анкетата се гледа дека и Имер Селмани ужива голема поддршка. Тој со 8% е втор кај Албанците. Потоа е Али Ахмети со 6%, па Талат Џафери со 4%. Кај Македонците Никола Груевски со 7% и Зоран Заев со 4%. Претседателските избори се очекува да ги распише претседателот на Собранието, Талат Џафери на 8 февруари, и да се одржат на 21 април оваа година.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ