Претставникот на Србија уште еднаш им оддаде почит на жртвите од масакрите во Србија

Luke Black, претставникот на Србија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, вечерва се најде на петтото место во финалето на натпреварот.

Пејачот, како и останатите кои го следеа на сцената, на сцената повторно носеше црн цвет во знак на жалост и почит за сите загинати во масакрите во Србија.

Откако ја испеа песната Само ми се спава, доби овации од публиката.

„Ја напишав песната плашејќи се од овие настани и гледајќи ги во светот, но не можев ни да замислам дека тоа всушност ќе се случи во нашата земја, во нашите срца… Жал ми е што стана повистинито од порано. ја слушнав веста пред да излезам на сцената, многу се налутив. Иако Евросонг е среќно место, место каде се слават разликите, колку и да се трудиме, не можеме да сокриеме колку ни е тешко“, изјави музичарот.