При изведување градежни работи во Гостивар, пронајдени биле повеќе експлозивни направи
Вчера во 11.43 часот во СВР Тетово, М.Н пријавил дека при изведување градежни работи и ископ на пат на улица „ЈНА“ во Гостивар пронашол повеќе експлозивни направи, велат од МВР.
„Увид извршила екипа од ОВР Гостивар, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека станува збор за 29 гранати калибар 100 мм од германско производство, кои потекнуваат од Првата светска војна. Гранатите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка“, соопшти МВР.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни