На 20.04.2022 во 11.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода В.П.(34) од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм. со една празна рамка, една шок бомба и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.