Прифатен амандманот на Алијанса за Албанците, – Косово, сосед на Македонија и со Устав

Се прифати амандманот на Алијанса за Албанците во Уставот наР.  Македонија да се направи измена и да се додаде дека Македонија освен со Србија, Бугарија, Грција, Албанија, се граничи и со Косово. Со тоа, Македонија го признава Косово како соседна држава и со Уставот. Пратеникот на АА, Сурија Рашиди рече дека такво нешто било неизбежно, бидејќи Република Македонија го признала Косово како независна држава.

„Предлагаме членот 1А со предлог на пратениците на АА да биде државна граница на РМ, со постоечките граници со Р. Албанија, Бугарија, Грција, Србија како и со Р. Косово“, вели Сурија Шдиди – пратеник од Алијанса за Албанците.

Се вчитува...

На истата седница беше изменет и членот кој го дефинира државјанството на граѓаните на Македонија. Најпрво, пратениците Сурија Рашиди и Фадиљ Зендели предложија два амандмани со кои се бара државјанството да се дефинира само како “државјанин на Република  Северна Македонија“, но овој предлог беше одбиен.

„Граѓаните на РМ имаат државјанство на Р. Македонија, што сакате повеќе од ова, што треба повеќе да се додаде на ова освен целите и етничките тенденции и државата Р. Северна Македонија да ја идентификувате со ентитетот Македонец, ништо друго нема“, вели Фадиљ Зендели – пратеник од Движењето Беса.

Пратеникот Мухамет Зеќири предложи амандман со кој  по терминот македонско/граѓани на Република Северна Македонија, да се додадат и термини кои не ја одредуваат етничката припадност на граѓаните. Еден друг сличен амандман беше предложен и од пратеничката Елизабета Канческа Милевска  и како во првиот случај, така и овде, со сугестија од заменик министерот Жерновски, беше составен нов заеднички амандман и истиот беше усвоен, додавајќи на крај на членот зборови дека државјанството не дефинира и не ја одредува етничката припадност на граѓаните. Се прифати и осмиот амандман на независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со кој се бара уставните измени да стапат на сила само по ратификацијата на Преспанскиот договор во Собранието на Грција, заедно со протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Собраниската комисија за уставни прашања на денешната седница го разгледа предлог – законот за устав за спроведување на амандманите од 33 до 36 од Уставот на Република Македонија и заклучи истиот да биде даден на понатамошна постапка.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21