Македонија

Примопредавање на градоначалничкaта функција и во Берово

Примопредавање на градоначалничкaта функција и во Берово

Во просториите на Општина Берово денеска се одржа официјалното примопредавање на функцијата градоначалник помеѓу досегашниот прв човек на општината Звонко Пекевски и новоизбраниот градоначалник Петар Ружински.

Со потпишување на записниците за примопредавање, Ружински и официјално ја презеде одговорноста за управување со Берово, нагласувајќи дека ќе работи со посветеност, транспарентност и визија за подобар живот на граѓаните.

Поврзана објаваЈанков седна на градоначалничката фотелја во Струмица – Костадинов му посака плоден и успешен мандат, но и многу трпение!

„Овој чин не е само промена на функцијата, туку продолжување на визијата за подобра и посовремена иднина за сите жители на нашата општина“, изјави Ружински, заблагодарувајќи им се на сограѓаните за довербата.

Пекевски му посака успех на својот наследник, истакнувајќи дека континуитетот и одговорноста во управувањето со општината се клучни за натамошниот развој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни