Свет

Принцот Вилијам отиде во посета на Полска

Принцот Вилијам отиде во посета на Полска

Принцот Вилијам беше во ненајавена посета на Полска. Британскиот престолонаследник беше во градот Жешов, во близина на границата со Украина, за да им се заблагодари на полските и британските војници за поддршката на Киев.

Вилијам се сретна и со украинските бегалци од војната. Кралското патување беше спроведено под строги безбедносни мерки.

Програмата на принцот вклучува и посета на прифатен центар во Варшава, каде што се сместени околу 300 Украинки и деца кои избегале од конфликтот во својата татковина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни