Македонија

Приведен 27-годишник од село Песочани, при претрес пронајдено оружје!

Приведен 27-годишник од село Песочани, при претрес пронајдено оружје!

На 11.07.2025 во 17.50 часот, во селото Песочани, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Н.Н.(27) од истото село.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „таурус“, калибар 9 милиметри, пушка „маверик“, калибар 12 милиметри, 198 куршуми различен калибар, две ловни пушки и една пушка со оптички нишан, кои нелегално ги поседувал, како и други предмети.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни