Македонија

Приведен 34 годишен мотоциклист, удрил 10 годишно девојче!

Приведен 34 годишен мотоциклист, удрил 10 годишно девојче!

Денеска (25.04.2025) полициски службеници го лишија од слобода Ј.О. (34) од Скопје затоа што околу 11.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски таблици, удрил во 10-годишно девојче.

Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ј.О. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни