Македонија

Приведен 35-годишник: Возел со 1,84 промили алкохол во крвта!

Приведен 35-годишник: Возел со 1,84 промили алкохол во крвта!

На 30.03.2025 во 01.50 часот во Делчево, полициаски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода М.Р.(35) од Делчево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни