Македонија

Приведен 51-годишен маж од дебарско, возел со 2,41 промили алкохол во крвта

Приведен 51-годишен маж од дебарско, возел со 2,41 промили алкохол во крвта

На 05.05.2025 во 17.35 часот на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода С.М.(51) од дебарското село Могорче.

При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаким кое го управувал и од преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни