Македонија

Приведен 54-годишен маж: Осомничен за небрежно убиство при нелегален лов со непријавено оружје

Приведен 54-годишен маж: Осомничен за небрежно убиство при нелегален лов со непријавено оружје

Вчера (13.11.2024) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип го лишија од слобода Т.К.(54) од с. Дедино, општина Конче и против него се поднесени кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела по член 126 „убиство од небрежност“, член 396 „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 228 „незаконит лов“ од КЗ.

Имено, на 04.11.2024, Т.К., заедно со И.К.(31) од с.Дедино, општина Конче, со цел да вршат незаконит лов на дивеч се упатиле кон селата Лесковица и Пиперово, при што приведениот со ловна пушка која ја поседувал без дозвола од поголема далечина го застрелал И.К., кој починал на местото на настанот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни