Македонија

Приведен 59-годишен маж: Полицијата го фати како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Приведен 59-годишен маж: Полицијата го фати како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје –  Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат,  а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни