Македонија

Приведени четворица возачи за безобѕирно управување возило – двајца возеле без возачка дозвола

Приведени четворица возачи за безобѕирно управување возило – двајца возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода четворица возачи поради безобѕирно управување возило.

Од нив, двајца возачи (по еден во скопско и тетовско) управувале возило без возачка дозвола, а двајца возачи (по еден во Скопје и Гостивар) возеле под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден соообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни