Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Приведени дилери од Струмица, пронајдени кокаин и марихуана

Приведени дилери од Струмица, пронајдени кокаин и марихуана
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, денеска во Струмица ги лишиле од слобода струмичаните Б.Х.(28) и М.Д.(33).
Како што соопшти МВР, при преглед на Б.Х. биле пронајдени шест пакувања со кокаин, а при претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба на Основен суд Струмица, биле пронајдени две ќеси со кокаин и две пакувања со марихуана.Лицата се приведени и задржани во Полициската станица Струмица, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот тие ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, а против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни