Македонија

Приведени двајца пиромани во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар

Приведени двајца пиромани во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар

Денеска (14.08.2025) во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност”.

Имено во населбата Рајкова куќа кон с.Никулски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило “ауди”, напуштена куќа и ниви.

Исто така во 20.00 часот на место викано Брест атар на с.Челопек полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.М.(41) од с.Челопек поради постоење основи на сомнение за подметнување на пожар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни