Македонија

Приведени двајца возачи во Кочани и Берово – управувале возила со над 1,5 промили алкохол

На 20.06.2025 во 10.35 во Кочани и на 21.06.2025 во 01.00 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Берово ги лишиле од слобода Е.В.(23) од Радовиш и М.Ц.(46) од Берово затоа што управувале возила под дејство на алкохол.

При сообраќајна контрола на ул.„Т.Паунов“ во Кочани, полициски службеници сопреле возило „мерцедес“, кое го управувал Е.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во организмот.

Исто така, при сообраќајна контрола на ул.„Страшо Пинџур“ во Берово, било сопрено патничко возило „опел“ кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,60 промили алкохол во организмот.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни