Македонија

Приведени крадци во Струмица, одземеното вратено на сопственикот

Приведени крадци во Струмица, одземеното вратено на сопственикот

На 12.11.2023 во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода Д.К.(20) и Џ.И.(25), двајцата од Струмица.

Тие се сомничат дека на 11.11.2003 во Струмица со употреба на сила одзеле личен предмет од едно лице. Предметот е пронајден и вратен на сопственикот, а лицата се задржани во Полициска станица Струмица и за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни