Приведено лицето кое го симна црковното и го постави албанското знаме на Попова Шапка

Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата “Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. Црковното знаме ќе биде вратено во секој миг.

Лицето кое го симна знамето на МПЦ е приведено.

„Брзата реакција на институциите но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост“, пишува на друштвените мрежи Стојанче Ангелов.

Тој додава дека провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори.

Вчера албанските медиуми објавија снимки како двајца со маски на лицето го симнуваат црковното и го поставуваат албанското знаме.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното