Македонија

Продолжен е притворот за осомничените за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче

Продолжен е притворот за осомничените за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче

Нови 30 дена притвор за Влатко Кекишов, Боре Видевски, Велибор Манев, Александар Ѓорчевски одреди денеска Кривичниот суд. Тие се осомничени за убиство и грабнување на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 77 годишниот пензионер од Велес Панче Жежовски.

30 дена добива на Стефан Димовски, возачот кој од Србија го пренел во Турција Љупчо Палевски – Палчо и со тоа помогнал во бегство на убиец кој извршил тешко кривично дело.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“ информираат од Кривичен суд – Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни