Македонија

Продолжен притворот за четворицата осомничени за пожарот во Трубарево

Продолжен притворот за четворицата осомничени за пожарот во Трубарево

Судија на претходна постапка при Кривичниот суд во Скопје им го продолжи притворот за нови 48 часа на четворицата осомничени за пожарот во Трубарево.

Според Обвинителството, станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка, 42-годишен раководител на подружница и 59-годишен вработен.

Тие се товарат за кривичното дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“. Во тек е увид на лице место и собирање докази за причините за пожарот, кој избувна во саботата во складиште за отпад.

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека пожарот е целосно изгаснат и површината е затрупана со песок и земја.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни