Денеска во Кривичниот суд во Скопје, продолжи судењето за случајот „Траекторија“, со читање на СМС комуникација помеѓу тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и други лица, меѓу кои и екс амбасадорот на Македонија во Кина Оливер Шамбовски.
Предметот „Траекторија“ се однесува за постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип.
СМС комуникацијата содржи информации за договорањето на кинеските компании и кредити за изградба на овие патишта.