Македонија

Продолжува истрагата за трагедијата во „Пулс“

Продолжува истрагата за трагедијата во „Пулс“

Од прес-службата на ЈОРСМ дека јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени, континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази, а такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска.

Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите, од Обвинителството посочуваат дека не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите.

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица. Со истрагата се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Тимот од  јавни обвинители кој работи на случајот, како што информира претходно, работи на активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, како и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни