Македонија

Продолжува потрагата по 16-годишното дете во реката Вардар

Продолжува потрагата по 16-годишното дете во реката Вардар

Потрагата по исчезнатото 16-годишно дете кое вчера потонало во реката Вардар, кај селото Уланци во општина Градско денеска продолжува.

Како што информираа од СВР Велес, вчера попладне било пријавено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, паднале во водите на реката.

По доаѓањето на екипите на терен, 26-годишната девојка била пронајдена жива и извлечена од водата, додека за 16-годишното дете сѐ уште се води интензивна потрага.

Во претрага вклучени се екипите на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-нуркачи, како и Специјалните сили, припадници на Армијата, тим за претрага во води Волци. На терен има и тим од ДЗС.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни