Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Македонија

Продолжува потрагата по исчезнатиот од Теново, на терен нуркачи!

Продолжува потрагата по исчезнатиот од Теново, на терен нуркачи!

Регионалниот ЦУК Тетово известува дека и денеска трае потрагата по исчезнатото лице од с.Теново, кое за исчезнато беше пријавено на 06.08.2023 година. Се пребарува теренот покрај реката Вардар во атарот на селата Стенче, Теново и Радиовце. На терен се 23 полициски службеници заедно со командирот на ПС Жеровјане, 5 вработени во ДЗС, 5 вработени во ТППЕТетово од кои две специјализирани лица за нуркање.

На терен, заедно до тимовите од институциите, е и раководителот на РЦУК Тетово, заедно со уште еден вработен од Регионалниот ЦУК. Раководителката Арлинда Мухареми информираше дека потрегата се координира согласно планивите и можностите на вклучените во потрагата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни