Стабилното, сончево и топло време ќе се задржи и во текот на денешниот ден низ целата земја. Според метеоролозите, не очекуваат претежно ведар ден, со појава на мала локална облачност.
Карактеристика на денот ќе биде ветерот од северен правец. Тој ќе биде со слаб до умерен интензитет, но на места, особено долж течението на реката Вардар, се очекува повремено да засилува.
Слична временска слика се прогнозира и за скопската котлина. Жителите на главниот град може да очекуваат претежно сончев и топол саботен ден. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува, носејќи благо освежување.