Министерството за здравство соопшти дека денеска МРП вакцина примиле 23 деца. Досега вкупно се вакцинирани 1.102 деца. Од Министерството за здравство, информираат дека во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили.
Директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ, вели дека бројката е помала поради празниците. Таа вели дека родителите не се двоумат да ги носат децата за вакцинација и дека тоа ќе го направат откако ќе се вратат од одмор. Ставриќ апелира до сите родители да ги вакцинираат децата што поскоро. Според неа децата под една година со хронични и малигни болести, се почувствителни од заболување од морбили и може да има и смртни последици.