СДСМ преку соопштение денеска информира дека продолжуваат интензивните консултации и работата на ниво на генерални секретари викендот за коалициски договор помеѓу СДСМ и Коалицијата “Можеме” и ДУИ.
„По утврдувањето на коалициски принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада. Истотака, денес започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат“, велат од СДСМ.
Тие додаваат дека за какви било дополнителни новости или напредок по однос на преговорите, веднаш ќе ја информираат јавноста, а единствени точни информации се оние добиени од официјалните лица на партиите вклучени во преговорите.
.
