Професор Калајџиев: Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев!

„Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев! Главниот сведок на обвинителството (доктор од друга клиника) сведочеше практично во прилог одбраната“, пишува во статус професорот по кривично право Гордан Калајџиев давајќи осврт на вчерашното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев.

„Наводно измамените никогаш воопшто не се сретнале со “измамникот” д-р Жан Митрев. Од самиот почеток на судењето не ми беше јасно како без вештачење ЈО ќе докаже дека методата на хемофилтрација била помалку ефикасна од она што докторот не им го ни’ ветувал туку го објаснувал на ТВ. Клучниот “доказ” на Јо сега е квазивештачењето на комисијата на Мин. за здравство кое процесно и не може да биде доказ затоа што е мислење кое нема да може да се тестира пред судот што ЗКП изречно го забранува. Се ла ви“, заклучува професорот.

На вчерашното рочиште доктор Љупчо Стојковски – искусен нефролог и единствен лекар кој во приватната болница Аџибадем Систина применувал хемофилтрација сведочеше „Ние користевме хемофилтрација за лечење на пациенти во време на КОВИД кризата. Хемофилтрацијата е одамна познат метод, што се користи во медицината, кој што од нефрологијата се пренесе на сите водечки одделенија за интензивно лекување во земјата.

„Главен параметар за што порано вклучување на хемофилтрацијата е клиничката слика на пациентот.  Се реагира во рана фаза да не се влоши сликата”, објасни докторот. Во приватната болница каде работел ја користел методата на 32 пациенти каде се извршени 48 хемофилтрации. Кај дел од пациентите помогна и истите се спасија, а кај дел за жал не помогна.

На прашањето дали е запознаен со сите објави на неговата болница, каде што даваа изјави поврзани со хемофилтрацијата, тој рече дека ги знае сите објави кои се објавени од страна на другата приватна болница во која што работел и дека се сложува и со изјавата на д-р. Каламарас дека хемофилтрацијата е врвна метода за лечење на КОВИД пациенти.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното