Производителите на познатото италијанско вино Кјанти бараат нова извозна стратегија со поддршка на Европската Унија, насочена кон пазарите во Јужна Америка, Азија и Африка, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со дополнителни царини за увоз на европски производи.
Италија во моментов извезува повеќе вино во САД од која било друга земја, но производителите сè повеќе бараат диверзификација на пазарите поради неизвесноста околу трговските односи, објавува Ројтерс.
„Нема смисла да се жалиме. Ова треба да се гледа како можност за забрзување на нова извозна стратегија, фокусирана на алтернативни и постабилни пазари“, рече Џовани Буци, претседател на здружението Конзорцио Вино Кјанти, кое ги обединува производителите на вино од Кјанти од Тоскана.
Производителите на вино бараат нова стратегија за извоз по заканата од повисоки царини во САД