Македонија

Променливо облачно и постудено – на места ќе провејува снег

Променливо облачно и постудено – на места ќе провејува снег

Променливо облачно и постудено, во источните делови на места ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 км/час.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно и ветровито со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од петок ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни