Breaking Немало итни излези во случај на пожар во барот во Бангкок каде загинаа 27 лица, а 63 повредени од кои 22 се во критична состојба, рече премиерот
Македонија

Доаѓа снег, во текот на денот облачно се температура до 6 степени

Доаѓа снег, во текот на денот облачно се температура до 6 степени

Променливо облачно, локално ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

И во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а од четврток попладне повторно се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни